Разбирајќи ги потребите и амбициите на нашите клиенти, Смарт Финансе е Вашиот партнер за успешни финансиски решенија за Вашите бизнис идеи. Нашата ангажираност, посветеност и професионалност произлегуваат од досегашното искуство и она што досега го постигнавме!
Успехот на клиентите е наш најголем успех!
Stojan Gjurovski
CEO
Marija Soleva Ilievska
Managing Partner
Andrijana Saveska
Head of Marketing Department
Jakov Filipovski
Financial Consultant
Да создадеме свет каде иновациите во финансиската индустрија се стандард, а не исклучок.
Заедно со Вас да создадеме успешна приказна што ќе се издвои од другите по нејзиниот успех!
Интегритет. Ангажираност. Извонреден квалитет на услуга. Страст. Партнерство.
Со своето богато искуство ќе придонесе на вистински начин да одговориме на Вашите потреби…
Стојан Дебарлиев е дел од нашиот тим на финансиски експерти кој со своето богато искуство ќе придонесе на вистински начин да одговориме на Вашите потреби.
Неговите експертски и апликативни активности опфаќаат физибилити-студии, истражувања на пазарот, бизнис-планови, советодавни активности во подготовка на апликации за добивање на финансиска поддршка
Во моментов работи како вонреден професор на катедрата по менаџмент на Економски факултет – Скопје, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, активно предавајќи на прв, втор и трет циклус студии. Магистрирал и докторирал во областа на бизнис менаџмент. Своето практично работно искуство го стекнал во бизнис секторот работејќи маркетинг и продажба во Macedonian On-line и Пекабеско. Неговиот образовен и истражувачки интерес се во областа на менаџментот, бизнис планирањето, стратегиите, бизнис моделите, претприемништвото и одржливиот развој.
Тој е автор на универзитетски учебници, како и истражувачки трудови во научни списанија и зборници од меѓународни конференции.
Предавач на повеќе летни школи, работилници и семинари во организација на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Влада на Република Македонија, Агенција за поддршка на претприемништвото, AIESEC Македонија, Start Up Academy, CEED Македонија, Erasmus +, Генератор на таленти и др.
Воедно континуирано ги извршува и следните активности, раководење и членување во одредени комисии и работни тела:
Во рамките на нашиот тим на финансисиски консултанти го вбројуваме и Виктор Митевски….
Во рамките на нашиот тим на финансисиски консултанти го вбројуваме и Виктор Митевски.
Неговото несомнено квалитетно професионално искуство, како ко- основач на The Startup Academy (startupacademy.mk), кое придонесе за развој и спроведување на програми за пред-акцелерација и за поддршка на млади претприемачи од Македонија при започнување со нови бизниси, може секако да се искористи за унапредување на Вашето работење.
Неговата посветеност збори за поддршката која ја има дадено во изминатите 6 години за изработка на пакет со алатки кој сè уште се користи и е ажурираат, произведувајќи повеќе од 25 успешни бизниси кои собраа повеќе од 500.000 евра инвестициски капитал.
Негова советодавна улога, менторирање и обучување на повеќе од 150 млади претприемачи во областите: финансиско планирање, генерирање идеи, бизнис модел, јавно говорење и пишување.
Зад него стојат голем број на признанија.
Магистерски сертификат за претприемништво и технолошка комерцијализација обезбедува знаење за: деловното планирање, клучните проблеми со кои при комерцијализирањето на нови технолошки откритија, правните аспекти на заштитата на интелектуалната сопственост и управувањето со креативноста и иновации во организациските поставки.
И воедно е добитник на стипендијата Fulbright Foreign Student (foreign.fulbrightonline.org), мај 2015 Програмата Фулбрајт за странски студенти им овозможува на дипломирани студенти, млади професионалци и уметници од странство да студираат и да спроведуваат истражување во САД на универзитети во САД или други академски институции.
Од октомври 2019 година е и Консултатнт за внатрешна контрола – Одговорен за поддршка на албанското Министерство за финансии во зајакнување на системите за внатрешна контрола, подготовка и усвојување на дкоумент за јавни политики за јавна внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) и помагање во процесот на пристапување кон ЕУ во областите опфатени со Поглавје 32, Внатрешна контрола.
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје
Бул. Партизански Одреди бр.15А
Copyright © 2024 Smart Finance
Designed by Litra
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Франклин Рузвелт бр.11, Скопје
+389 75 437 679
Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Филип Втори Македонски бр.22/3-2 Скопје
+389 70 797 783
Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч