Разбирајќи ги локалните услови и користејќи ги нашата експертиза и познавања, ќе Ви понудиме најкомпетентен совет за постигнување на Вашите високи цели.
Со своето богато искуство ќе придонесе на вистински начин да одговориме на Вашите потреби…
Стојан Дебарлиев е дел од нашиот тим на финансиски експерти кој со своето богато искуство ќе придонесе на вистински начин да одговориме на Вашите потреби.
Неговите експертски и апликативни активности опфаќаат физибилити-студии, истражувања на пазарот, бизнис-планови, советодавни активности во подготовка на апликации за добивање на финансиска поддршка
Во моментов работи како вонреден професор на катедрата по менаџмент на Економски факултет – Скопје, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, активно предавајќи на прв, втор и трет циклус студии. Магистрирал и докторирал во областа на бизнис менаџмент. Своето практично работно искуство го стекнал во бизнис секторот работејќи маркетинг и продажба во Macedonian On-line и Пекабеско. Неговиот образовен и истражувачки интерес се во областа на менаџментот, бизнис планирањето, стратегиите, бизнис моделите, претприемништвото и одржливиот развој.
Тој е автор на универзитетски учебници, како и истражувачки трудови во научни списанија и зборници од меѓународни конференции.
Предавач на повеќе летни школи, работилници и семинари во организација на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Влада на Република Македонија, Агенција за поддршка на претприемништвото, AIESEC Македонија, Start Up Academy, CEED Македонија, Erasmus +, Генератор на таленти и др.
Воедно континуирано ги извршува и следните активности, раководење и членување во одредени комисии и работни тела:
Во рамките на нашиот тим на финансисиски консултанти го вбројуваме и Виктор Митевски….
Во рамките на нашиот тим на финансисиски консултанти го вбројуваме и Виктор Митевски.
Неговото несомнено квалитетно професионално искуство, како ко- основач на The Startup Academy (startupacademy.mk), кое придонесе за развој и спроведување на програми за пред-акцелерација и за поддршка на млади претприемачи од Македонија при започнување со нови бизниси, може секако да се искористи за унапредување на Вашето работење.
Неговата посветеност збори за поддршката која ја има дадено во изминатите 6 години за изработка на пакет со алатки кој сè уште се користи и е ажурираат, произведувајќи повеќе од 25 успешни бизниси кои собраа повеќе од 500.000 евра инвестициски капитал.
Негова советодавна улога, менторирање и обучување на повеќе од 150 млади претприемачи во областите: финансиско планирање, генерирање идеи, бизнис модел, јавно говорење и пишување.
Зад него стојат голем број на признанија.
Магистерски сертификат за претприемништво и технолошка комерцијализација обезбедува знаење за: деловното планирање, клучните проблеми со кои при комерцијализирањето на нови технолошки откритија, правните аспекти на заштитата на интелектуалната сопственост и управувањето со креативноста и иновации во организациските поставки.
И воедно е добитник на стипендијата Fulbright Foreign Student (foreign.fulbrightonline.org), мај 2015 Програмата Фулбрајт за странски студенти им овозможува на дипломирани студенти, млади професионалци и уметници од странство да студираат и да спроведуваат истражување во САД на универзитети во САД или други академски институции.
Од октомври 2019 година е и Консултатнт за внатрешна контрола – Одговорен за поддршка на албанското Министерство за финансии во зајакнување на системите за внатрешна контрола, подготовка и усвојување на дкоумент за јавни политики за јавна внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) и помагање во процесот на пристапување кон ЕУ во областите опфатени со Поглавје 32, Внатрешна контрола.
Секое правно лице основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РСМ доколку ги исполнува наведените услови на повикот може да аплицира. Истото треба да е во сопственост на физичко лице/а и/или микро, мало, или средно претпријатие (со мнозинска македонска сопственост со 50,1% или повеќе) и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%) како и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години.
Не е предвиден таков рок во критериумите за подобност на апликант. Основен критериум е компаниите да не се постари од шест години од денот на основање на правниот субјект до денот на аплицирање (секако доколку се исполнети сите критериуми за подобност на апликант).
На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.
Во зависност од повикот се одредуваат условите за целосно обезбедување на делот за ко-финансирање. Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Согласно текстот на повикот и правилникот за инструментот, средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот авансно за секој квартал.
Да, Вашата компанија има повеќе опции за да користи неповратни грантови во зависност од Вашата инвестиција.
Да, Вашата компанија има повеќе опции за да користи неповратни грантови во зависност од Вашата инвестиција.
Да, Ве следува грант во зависност од дејноста со која што се занимавате и инвестицијата која ја планирате.
Финансиските институции во Македонија би Ве поддржале со финансирање доколку имате минимум сопствено учество од 20% од целокупната инвестиција.
Да, Ве следуваат финансии преку Фонд за иновации и технолошки развој (Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва “старт-ап”.)
Преку online каталог на енергетско ефикасни технологии со високи перформанси како прифатливи за финансирање од страна на GEFF.
Не (доколку немало приходи, во табелата ставете 0).
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје
ул.Франклин Рузвелт бр.11
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Франклин Рузвелт бр.11, Скопје
Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч
СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Филип Втори Македонски бр.22/3-2 Скопје
+389 70 797 783
Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч