Нова одлична можност за грант од ФИТР „Со дигитална трансформација до иновација“

Нова одлична можност за грант од ФИТР „Со дигитална трансформација до иновација“  
Фондот за иновации и технолошки развој објави нов одличен повик преку кој малите и средните бизниси можат да добијат грантови за дигитализација на своите работни процеси. Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој повик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор ќе можат:

    •  да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење;
    • да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси;
    • да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем;
    • да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена;
    • да го унапредат откупот на суровини и со тоа да влијаат на синџирот на добавувачи;
    • да создадат услови и можности за креирање нови работни места.

Фондот за иновации и технолошки развој овој предизвик го реализира во партнерство со Програмата за зголемување на пазарната можност за вработување (Increasing Market Employability (IME) Program) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ.

ИМЕ ќе учествува во вкупниот буџет на предизвикот со финансиски средства од 6.150.000 (шест милиони и сто и педесет илјади) денари.