Фонд за иновации и технолошки развој започнува со серија на инфо сесии во врска со предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”, кој се реализира во партнерство со Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарна вработливост ИМЕ.
Инфо сесиите ќе се одржат во повеќе градови низ државата за што ФИТР отвари повик за сите заинтересирани апликанти.
За отворениот повик ФИТР има предвидено буџет во износ од 18.450.000 денари (300 000 EUR). Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатије, односно до 50% од вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари (30 000 EUR).
Рокот за аплицирање е до 20.03.2023 година, до 14:00 часот, а начинот на аплицирање е исклучиво онлајн.
Повеќе информации за предизвикот на: https://fitr.mk/digitalna-transformacija/