loader image

Нова одлична можност за грант од ФИТР „Со дигитална трансформација до иновација“

Нова одлична можност за грант од ФИТР „Со дигитална трансформација до иновација“  
Фондот за иновации и технолошки развој објави нов одличен повик преку кој малите и средните бизниси можат да добијат грантови за дигитализација на своите работни процеси. Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој повик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор ќе можат:

    •  да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење;
    • да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси;
    • да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем;
    • да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена;
    • да го унапредат откупот на суровини и со тоа да влијаат на синџирот на добавувачи;
    • да создадат услови и можности за креирање нови работни места.

Фондот за иновации и технолошки развој овој предизвик го реализира во партнерство со Програмата за зголемување на пазарната можност за вработување (Increasing Market Employability (IME) Program) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ.

ИМЕ ќе учествува во вкупниот буџет на предизвикот со финансиски средства од 6.150.000 (шест милиони и сто и педесет илјади) денари.

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Седиште на фирмата

СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Франклин Рузвелт бр.11, Скопје

Email

Телефон

+389 75 437 670

Работно време

Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч

Седиште на фирмата

СМАРТ ФИНАНСЕ ГРОУП Дооел Скопје, со седиште ул.Филип Втори Македонски бр.22/3-2 Скопје

Email

Телефон

+389 70 797 822

+389 70 797 783

Работно време

Понеделник – Петок 08:00 до 16:00 ч

Бидете први информирани за нашите најнови услуги и новости, внесете го вашиот e-mail за да се регистрирате за нашите новости.